
Списанието „Њузвик“ од следната година повторно ќе излегува во печатена форма, изјави главниот уредник на списанието, Џим Импоко.
Тој нагласи дека новиoт сопственик на списанието, компанијата „Ај-Би-Ти медија“, сака неделникот да биде, главно, финансиран од претплата, а не од реклами.
Оценките покажуваат дека неделникот ќе чини околу десет долари.
Списанието, кое порано беше во сопственот на „Ај-Еј-Си“, престана да се печати на хартија кон крајот на минатата година. Неделникот се објавуваше само на интернет, а во август беше купен од „Ај-Би-Ти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


