„Боречки клуб“, според многу филмски фанови и критичари – еден од најдобрите филмови некогаш, наскоро би можел да добије и продолжеток .
Култниот филм со Бред Пит и Едварт Нортон од 1999 година е базиран на романот од Чак Поланик, кој најави продолжување на „Боречки клуб“ во форма на графички новели.
Иако по огромниот успех на филмот, тешко е да се направи достојно продолжениe, Поланик вели дека веќе се запознал со уметниците од „Марвел“.
– Веројатно ќе биде серија на книги кои ќе ја опишуваат приказната десет години по крајот на привидението Тајлер Дурден (Бред Пит). Денес, Тајлер е тој кој ја раскажува приказната, посматрајќи го Џек (Едвард Нортон) и подготовајќи се за големо враќање. Џек се враќа во темниот и хаотичен свет на лудило, откако Тајлер го киднапира неговиот син. Поради договорот во моментов не можам ништо повеќе да ви кажам, но продолжетокот на „Боречки клуб“ најверојатно ќе излезе и пред почетокот на 2015 година – вели Поланик во соопштението за печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


