Популарниот холивудски глумец Чарли Шин си фати уште една порноактерка. Овој пат станува збор за Брет Роси (24), а Чарли вели дека никогаш не бил толку среќен.
– Таа е нешто најдоброто што ми се случило досега. Конечно, некого на кого можам да му пружам љубов. Знам дека ќе има и негативни коментари бидејќи целиот свет е преоптоварен со љубомора. Благодарен сум на шансата што можам повторно да сакам – рече глумецот.
Тие биле видени на јахта покрај мексиканскиот град Кабо Сан Лукас, двајцата страсно се бакнувале, а глумецот целото време бил насмеан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


