Директорот на компанијата ПСА „Пежо Ситроен“, Филип Варен, изјави дека е подготвен да се откаже од отпремнината за одење во пензија, која изнесува речиси 21 милион евра.
Според француски медиуми, Варен го изјавил тоа синоќа на прес-конференција бидејќи голем дел од француската јавност негодувала поради огромната сума што му била ветена.
Компанијата „Пежо Ситроен“ со години има економски проблеми.
Варен вели дека препушта Надзорниот одбопр на компанијата да одлучи под кои услови тој ќе замине во пензија во средината на следната година. На негово место идната година ќе биде Карлос Таварес, еден од главните луѓе во „Рено“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


