| четврток, 6 декември 2018 |

Вишеградската група ги поддржува евроинтеграциите на Македонија

visegrad_group

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, вчера оствари средба со делегација од земјите на Вишеградската група и со директорот на Меѓународниот вишеградски фонд, Карла Вурстерова.

На состанокот се разговарало за можностите за соработка што ги нуди Меѓународниот вишеградски фонд (МВФ), кои се групираат во три програми кои се отворени за земјите од Западен Балкан, и тоа проекти за граѓански НВО-сектор, отворена за сите субјекти, стипендии за магистерски и докторски студии, истражувачки програми, како и обуки за државната администрација за поглавјата од правото на ЕУ и стажирање на државни службеници во земјите на Вишеградската група.

– За време на средбата јасно беше потврдена поддршката на земјите од Вишеградската група за Република Македонија пред декемврискиот самит на Европската комисија за почнување на преговорите за членство на Македонија во Европска унија – се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top