| четврток, 6 декември 2018 |

Мијатовиќ ги собра пофалбите на пресот по мечот

vardar-metalurg-19По ракометниот спектакл во Скопје, на европскиот терен во салата Борис Трајковски, Раде Мијатовиќ, голманското засилување на Металург против Вардар се заблагодари на публиката и на противникот

-Влеговме порастоварени отколку на првата средба, го покажавме вистинското лице и на сите им ставивме до знаење дека Металург не смее да се отпише. На минатиот меч недостасуваа ентузијазам и желба за победа, но овојпат бевме на потребното ниво. Дарко Станиќ постави високи стандарди што се однесува до голманите на Металург, а моите одбрани се резултат на тоа што сакам да се наметнам во една така силна конкуренција. Мило ми е што имав така значаен придонес во оваа победа- изјави по мечот Мијатовиќ.

Лино Червар ја честиташе на ракометари на добрата игра.

-Сакам да му честитам на Вардар за коректната игра, ова беше ракометен амбиент во кој на крајот ние славевме победа. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за добрата игра, за дисциплината и за заслужениот триумф – истакна Червар.

Андон Бошковски порача дека Вардарци ќе бидат подготвени за следните предизвици од Лигата на шампионите.

-Можеби ќе се повторам од пред десетина дена кога реков дека кога голманот е во топ-форма тогаш полесно се победува. Честитки до Мијатовиќ за одличната игра и до Металург за заслужената победа. И пред натпреварот реков дека шансите за победа се 50-50, овојпат противникот се радуваше, а нам ни останува да продолжиме со напорна работа и на следните натпревари да атакуваме на бодовите што ни се неопходни за пласман во следната фаза- порача Бошковски.

Голманот на Вардар Страхиња Милиќ му честиташе на противникот, Мијатовиќ.

-Честитки на Металург за одличното издание, пред се на Раде Мијатовиќ. Прими само два гола за 18 минути игра, го сврте мечот во корист на противникот и потоа мечот беше решен. Сакам да им се заблагодарам на Комитите за одличната поддршка, нека доаѓаат во ваков број бидејќи нивната поддршка ни е неопходна. Поздрав и до Пиратите, им посакувам многу среќа– посака голманот на Вардар, Милиќ, на прес конференцијата по мечот во рамки на Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top