Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос уверува од Парис дека неговата земја е одлучна да продолжи со „својот план за смели реформи“ и дека постигнала „забележителен напредок“.
-Впечатливо е намалувањето на државниот долг, изјави Аврамопулос по средбата со Лоран Фабиус. Согласни сме дека против кризата треба да се бориме заедно. Треба да ги зголемиме нашите напори“, додаде тој.
Фабиус уверува дека Франција секогаш „била и е до Грција, која минува низ еден исклучително тежок период“., бидејќи „Грција е неопходна за европската стабилност“.
Германија и Франција играат двојна улога во Грција: тие се дел од тројката кредитори на Атина – ЕУ, ЕЦБ и ММФ, кои наметнуваат радикални реформи и ја продлабочија рецесијата, но се дел и од европската експертска група за модернизација на администрацијата.
Средбата во Парис е во пресрет на посетата на Франсоа Оланд на Атина најавена за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


