| четврток, 6 декември 2018 |

Синдикатот на новинари со „извинување“ до претседателот на Собранието и до премиерот

sindikat

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници денеска организираше колективно извинување до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до премиерот Никола Груевски. Овој синдикат  на ироничен начин укажа на задушувањето на слободата на медиуми во Македонија.

Повод за акцијата беше извинувањето до претседателот Вељаноски од главната уредничка на „Утрински весник“  за текст за анкета за настаните од 24 декември.

Му се извинувам на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, затоа што не ги манипулирал резултатите од анектата за евентуалните инциденти на 24 декември 2012 година во Собранието и ги повлекувам. И инцидентите, и резултатите, стои во ироничните извинувања од новинарите.

На премиерот му се извинија за секое ненарачано и нетематско прашање на тематска прес-конференција, бидејќи доаѓале навреме на прес-конференции и затоа што Македонија падна на најниско ниво според медиумските слободи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top