| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Канада ќе ги зајакнуваат економски врски

Македонија и Канада ги започнуваат преговорите за билатерална Спогодба за поттикнување и заштита на странските инвестиции, со која ќе се обезбеди подобра заштита на канадските и македонските инвестиции на пазарите во
двете земји, ќе ги зајакне севкупните стопански врски и ќе ги поттикне растот, вработувањето и просперитетот во двете земји.

Ова било потврдено на денешната средба во Отава меѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски и неговиот канадски колега Џон Берд.

На средбата исто така била потврдена и силната поддршка што Канада и ја дава на Македонија за влез во НАТО. Двајцата соговорници ја потврдиле заедничката посветеност кон глобалната безбедност и заедничките мислења и информации за евроатлантското интегрирање на Република Македонија. Во овој контекст, Канада и Македонија особено го ценат заедничкото партнерство во ширењето на глобалната безбедност и демократијата.

Македонија и Канада ги делат и унапредуваат вредностите на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и верските слободи, како и визијата за мир, стабилност и просперитет во Југоисточна Европа, нагласиле Поповски Берд на средбата.  Како што соопшти МНР, министрите зборувале стопанските, трговските и инвестициските
врски меѓу Македонија и Канада, како и за неодамна склучената спогодба за авионски услуги меѓу двете земји.

– И Канада и Македонија имаат макроекономска стабилност, низок долг и котираат високо како економии што нудат поволни услови за водење бизнис, било посочено на средбата. Министрите се обврзале да го олеснат искористувањето на целосниот потенцијал за деловни и инвестициски активности во поволните деловни средини на двете земји.

Министрите, како што се посочува во соопштението, изразиле задоволство од значително зајакнатата соработка и се согласија да продолжат по тој пат во билатералните односи со размена на посети на високо ниво и одржување на парламентарните контакти и да ги поттикнуваат партнерствата меѓу бизнисите, институциите и луѓето.

Канадското Министерството за надворешни работи, трговија и развој и Министерството за надворешни работи ќе ја зајакнат меѓусебната поддршка и соработка преку размена на дипломати, знаење и други дипломатски средства.

Министрите на средбата се договориле да разгледаат начини за дополнително олеснување на двостраните политички и стопански односи со задолжување на високите претставници на нивните министерства редовно да разговараат за прашања од заеднички интерес, вклучувајќи ги и тие од областите правна соработка, олеснување на патувањето и зајакнување
на трговијата. Во овој контекст, Попоски и Берд се договориле да поттикнуваат создавање дополнителни можности и иницијативи за размена на деловно знаење, научна, образовна и културна соработка и мобилност на младите.

Канадскиот министер Берд ги нагласил значајниот придонес и многу активната улога на македонската заедница во градењето на канадското општество и во поддржувањето на силните и трајни врски меѓу двете држави. Попоски изрази благодарност за канадската вековна поддршка и интегрирање на бројните македонски имигранти и за промовирањето на
нивниот идентитет и култура.

Министрите разговарале детално за голем број актуелни светски прашања и прашања од заеднички интерес. Министерите Берд и Попоски ќе отпатуваат во Халифакс, Нова Шкотска, каде ќе учествуваат на Меѓународниот безбедносен форум, кој на едно место собира претставници на влади, војски, бизниси, академски заедници и медиуми за да разговараат во неформална атмосфера и да разгледаат повеќе актуелни меѓународни безбедносни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top