Еден цариник е отпуштен од работа од граничниот премин „Богородица“, а седуммина се казнети со намалување на платата поради непочитување на работните правила и недисциплина, информираат од Царинската управа.
Според Управата, освен отпуштениот цариник на шестмина други цариници им била намалена платата за 15 проценти, додека еден ќе прима помала плата за 15 проценти во следните пет месеци. Поради истите причини писмени опомени добиле четворица цариници, а за двајца сè уште трае дисциплинската постапка.
Казнетите цариници од први октомври минатата година до осумнаесетти август годинава не постапувале во согласност со правилата и на превозници од Полска, кои имале неисправна документација, им издале вкупно 111 дозволи за превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.