Познатиот магазин кој пишува за квалитени вина „Вајн Спектатор“ го прогласи „миравал“ за најдобро розе вино во светот.
Иако розе, виното кое го произведува оваа позната двојка долго време се споменува како совршено, а сега доби и официјално признание. Споменатиот магазин го стави на 84. место од 100 најдобри вина, што во категоријата на розе се најде на првото место.
– Префинет и елегантен, нудејќи чисти и концентрирани вкусови на исушени плодови, диња и мандарина – пишува уредникот Ким Маркус.
Признанието кое го добија Анџелина и Бред дојде седум месеци по производството на првото шише од розето „миравал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


