
Тројка за охридските туристичките работници од гостите кои го посетуваат овој туристички центар, вели анализата од анкетета која ја спровел општинскиот сектор за туризам. Туристите најмногу се жалеле на квалитетот на услугите во угостителските објекти,но и и цените. Градоначлникот Никола Бакрачески е незадоволен од туристичките состојби.
„Тоа е податок кој што нас треба да не загрижува како најпозната туристичка дестинација во Република Македонија. Ние како локална самоуправа не можеме да бидиме задоволни со резултатите од оваа анкета“-вели Бакрачески.
Угостителите вината за целиот проблем ја префрлаат во угостителските објекти кои работеле сезонски.
„Најмногу поплаки веројатно има во оние објекти кои што сакаат на брзина да се збогатат, работат само во летниот период, не посветуваат внимание на квалитетот туку само гледаат како да наплатат повеќе и полесно“ -тврди угостителот Димитар Пендо.
Ескпертите од туризмот пак сметаат дека фали квалитетен кадар и понуда но и дека угостителските објекти наликувале еден на друг.
Анкетата покажала дека 85 % од туристите ова туристичко место го посетуваат индивидуално, а организирано преку агенции само 15 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


