| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП донира медицинска опрема за ЈЗУ Здравствен дом Скопје

Управата за јавни приходи по повод Светскиот ден на детето – 20 ноември, а во рамки на програмата за одбележување на денот на даночниците „Св. Матеј“, денеска донираше медицинска опрема за ЈЗУ Здравствен дом Скопје обезбедена од парични прилози на вработените.

Донираната медицинска опрема се состои од 80 ранци за патронажни сестри и 16 дигитални ваги за мерење на телесната тежина на новороденчиња и доенчиња, а нејзината вредност изнесува 119.700 денари.

Директорот на УЈП, Горан Трајковски, истакна дека Управата втора година организира хуманитарна акција „Биди хуман, биди човек“ и дека нивната целна група се децата бидејќи како што рече секоја инвестиција во децата е инвестиција за иднината.

Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ, изрази благодарност за донацијата и посочи дека опремата ќе биде распоредена во пет работни единици каде 75 патронажни сетри вршат домашни посети на новороденчиња, како и во 14 советувалишта за деца од предучилишна возраст во поликлиниките и амбулантите на подрачјето на Скопје и неговата околина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top