
Со новите измени во Законот за превоз на патници, таксистите освен што нема да смеат да собираат патници од автобуски станици, ќе мора и задолжително да го познаваат англискиот јазик.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти Миле Јанакиевски, министерот за транспорт и врски. Според него, таксистите во иднина ќе можат да стојат единствено на такси-стојалиштата одредени од Град Скопје и другите општини.
„Ако таксистот биде фатен како два пати ја прекршува оваа одредб,а тогаш трајно ќе му биде одземена лиценцата за работа. Инаку казните за ваков прекршок изнесуваат по 500 евра, а потоа следува одземање на лиценцата“, изјави Јанакиевски.
Според него, трошоците за учење на основен англиски јазик ќе ги покриеле општините и министерството, а таксистите ќе мора да го совладаат најдоцна до 1 јануари 2017 година додека до 2019 ќе мора да научат еден степен повеќе од јазикот.

– Таксистите ќе имаат период од три години за прилагодување на оваа новина. Министерството за транспорт во соработка со единиците на локална самоуправа во наредниот период ќе спроведат голем број обуки со цел да се понуди поквалитетен такси-превоз, пред се во туристичките центри како Скопје, Охрид, Струга… , наведе министерот за транспорт.
Според Јанакиески, објавените информации во дел од медиумите за новата одредба за таксистите не се точни. Такси-возилото, појасни, може да дојде на повик пред зградата или пред местото каде живее патникот или на кое друго било место каде се наоѓа патникот и да го земе, што значи дека патникот не треба да оди до најблиското такси-стојалиште.
Исто така, може да се качи во такси-возило на кое било место каде е такси-возилото и да се симне на кое било место што го определил како крајна дестинација. – Такси-возилото треба да стои на стојалиштето само во случај кога е празно, односно без да има патници и без да има најавен повик дека треба да земе патник од некаде, наведе Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанакиески за ТВ21: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски
-
Штрајкуваат вработените во железницата и таксистите во Грција
-
Таксистите му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник: Инспекциите од Неготино не ни даваат да качуваме патници
-
Романите „Зима во лето“ и „Америка, Америка“ објавени на англиски јазик


