| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид си најде замена за Кедира

Немања Матиќ ќе биде во редовите на Реал Мадрид како замена за повредениот Сами Кедира, пренесуваат шпанските медиуми

Nemanja-Matic-benfica

Според „Миндо Депортиво“, Матиќ во јануарскиот преоден рок ќе ја напушти португалската Бенфика и ќе се пресели во Мадрид.

Србинот треба да го заземе местото на германскиот репрезентативец Сами Кедира, кој ќе биде надвор од фудбалските терени до крајот на сезоната поради тешката повреда на лигаментите заработена пред три дена на пријателскиот натпревар меѓу Германија и Италија.

Раководството на Реал во таква ситуација е принудено да бара замена за Германецот на позицијата на последен играч од средниот ред, а како прва опција „Миндо Депортиво“’ го наведува Немања Матиќ, кој изминатото лето на трансфер маркетот беше проценет на 40 милиони евра.

Сепак, имајќи ги предвид добрите релации меѓу португалскиот и шпанскиот клуб, нема да изненади доколку сумата што ќе треба да ја плати Реал на Бенфика да биде и пониска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top