| четврток, 6 декември 2018 |

Мики Маус го слави 85. роденден

Најпознатото глувче во историјата на анимираните филмови, Мики Маус, денеска полни 85. години.

Мики го запознавме на 18 ноември 1928 година, во цртаниот филм на Волт Дизни „Парабродот Вили“, кој воедно беше и првиот цртан филм кој имаше тон.

Препознатлив по својот специфичен изглед – црвени шорцеви, големи чевли и бели ракавици, инспирација за ликот на Мики, Дизни ја нашол во вистински глушец кој живеел со него во студиото во Канзас Сити, во кое настанале и првите анимирани филмови.

Првобитната идеја била ликот да се вика Мортимер Маус. Меѓутоа, сопругата на Волт Дизни мислела дека ова име е премногу женствено, па затоа се јавил следниот предлог, да се вика Мики. Така ова име остана до ден-денес.

Една година откако се појави на телевизија, Мики ги доби и своите препознатливи бели ракавици, а неговото влијание непосредно доведе до тоа од 1932 година да се доделува награда на Оскарите за најдобар анимиран филм. Истата година Дизни освои две позлатени статуи, за „Silly Symphonies“ и „Flowers and trees“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top