| четврток, 6 декември 2018 |

Момче загина во сообраќајна незгода кај Струмица

stop-policijaСтрумичанец загина во сообраќајка доцна синоќа. Станува збор за осумнаесетгодишниот Столе Црнгаров од струмичкото село Куклиш. Незгодата се случила на патот Струмица Валандово. Тројца негови сопатници се тешко повредени, информира полицијата.

Синоќа дваесетина минути пред полноќ кај местото викано Цистерна, автомобилот „даихатсу фероза“ управувано од седумнаесет годишниот Т.Т. од Куклиш, струмичко, излетало од коловозната лента. Автомобилот удрил во металната ограда покрај патот, при што животот го загубил совозачот Црнгаров, а возачот и уште двајца патници во автомобилот се тешко повредени и се префрлени во Клинички центар во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top