| четврток, 6 декември 2018 |

Опра Винфри ја откри својата вистинска љубов и причината зошто никогаш не се омажи

opra1

Една од највлијателните жени во светот Опра Винфри конечно призна зошто никогаш не се омажила и зошто никогаш нема да го направи тоа.

Таа откри дека нејзиното шоу кое заврши по 25 години емитување било љубовта на нејзиниот живот. Таа е во врска со Стедман Грахам уште од 1986 година, но двојката никогаш не застанале пред олтар.

opra 2

– Не е поради немање време. Кога би сакала да се омажам би нашла време. Не сум традиционалист и немав таков живот. Дури мислам ако се венчавме немаше да останеме заедно, признала водителката.

– Да го прашате него би одговорил исто што и јас и покрај тоа што тој е прилично традиционален. Но, јас го научив на малку пошироки погледи на животот. Не би издржала во брак- со сите тие правила и жртвувања кои доаѓаат со него, призна Опра.

Таа во интервјуто ја призна и својата вистинска љубов:

– Шоуто беше мојата вистинска љубов. Во него ја вложував сета своја енергија, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top