| четврток, 6 декември 2018 |

Бердих го врати ударот, Чешка израмни на 1-1 против Србија

Томаш Бердих ја оправда улогата на апсолутен фаворит во дуелот со Душан Лајовиќ и со рутинска победа од 3-0 во сетови, израмни на 1-1 во поени во финалниот меч за титулата во Дејвис купот меѓу Србија и Чешка.

На двапати со 6-3 и еднаш со 6-4 Чехот го доби вториот сингл меч денеска, па гостите останаа во игра за одбрана на трофејот од лани.

Премиерниот дуел од финалето го доби Новак Ѓоковиќ против Радек Штепанек, истотака со 3-0 во сетови. Утре се игра мечот во двојки, а задутре е завршницата со два дуели во сингл.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top