| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ им вети бенефициран стаж на земјоделците

 

oliver spasovski

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со членови од високото раководство на СДСМ, при денешната посета  на Струмица на земјоделците им ветиле дека кога ќе се вратат на власт ќе им овозможат бенефициран стаж.

Спасовски ги презентирал предлог-мерките од новата програма на СДСМ за унапредување и развојот на стопанството како и предлог-мерките во сферата на земјоделието при што ги акцентирал предлог-мерките на партијата кои предвидуваат создавање еднакви услови за странските и за домашните инвеститори.

Новата влада на СДСМ,  ќе инвестира во инфраструктурата, во изградбата на автопатишта но и во капитални објекти, електрани и хидроцентрали, рекол Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top