| четврток, 6 декември 2018 |

По средбата со Нимиц, кај Меркел ќе патува Самарас

23102013201320_меркел на телефонГрчкиот премиер Андонис Самарас следната недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на Маркел, Штефен Зајберт, изјави дека Самарас на 22 ноември ќе има работен ручек со германската канцеларка.

Нема најави за теми за кои ќе се разговара, но се очекува да стане збор и за евроинтеграциите и за наметнатиот грчки спор за Македонија.

Германската канцеларка неодамна имаше средба со Метју Нимиц, посредникот од ООН, каде што се запозна со детали во врска со процесот меѓу Македонија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top