| четврток, 6 декември 2018 |

Санта голема колку Сингапур се одвои од Антарктикот

Огромна санта лед со големина колку еден град со пет милиони жители или колку Сингапур, која во јули се отцепи од глечер на Антарктикот, тргна да се движи кон отворен океан, јавува американската телевизија „Си-Ен-Ен“.

– Сантата лед би можела да залута на север и да заврши во близина на бродските рути и да им се закани на бродовите на Јужниот Поларен Океан – рече научникот Роберт Марш.

НАСА во октомври 2011 година откри пукнатина која го предизвика одделувањето на сантата лед.

Научниците потврдија дека ова е првпат да се следи патување на олкава санта лед и дека тоа ќе станува сѐ повеќе важно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top