| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос: проширувањето не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ

evangelos venizelos

Проширувањето и Западен Балкан, кои беа дел од Солунската агенда, не се приоритет на претседателството, во смисла дека настаните се движат, изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот заменик-премиер говореше за приоритетите на грчкото претседателство со Унијата, кое ќе почнe на 1 јануари следната година, на заедничка седница на парламентарните комисии за одбрана и надворешни работи и за европски прашања.

Венизелос нагласи дека сака почетокот на грчкото претседателство да се совпадне со отворање на пристапните преговори на Србија со ЕУ.

– Тоа е многу важно за да се истакнe грчката улога во однос на евроатлантската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Во многу голема мера, тоа е поврзано и со грчко-албанските односи, рече тој и потсети на неговата и посетата на Папуљас во Тирана.

– Се разбира, тоа исто така е поврзано со Црна Гора, која има многу добра позиција во овој процес, како и со нерешените проблеми кои постојат во врска со Македонија и, се разбира, во однос на Косово, но таму наш приоритет е завршување на процесот на преговори меѓу Белград и Приштина. Ќе видиме како ќе одат тие, рече Венизелос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top