За време на гостувањето во една популарна забавна емисија, британскиот тенисер Енди Мареј откри како Рафаел Надал се пошегувал со него.
– Тоа се случи пред неколку години во Њујорк. Јас бев на вечера со мојата девојка, кога го проверив мобилниот телефон забележав дека имам добиено СМС. Пораката беше испратена од непознат број, а пишуваше: „Енди, вечерва изгледаш прекрасно, многу секси. Вистинска штета е што си тука со девојка“.
– На почетокот ништо не ѝ кажав на мојата девојка за да не ја расипувам вечерата. Дури по враќањето во хотелот се сетив кој може да ми ја прати пораката. Тој во текот на вечерата нѐ гледал од далеку, го виде и изразот на моето лице кога ја прочитав пораката и ништо не ми кажа – објасни Мареј.
Водителот на шоуто потоа го праша трофејниот тенисер дали му вратил за тоа на Надал.
– Сѐ уште не сум му вратил, но го чекам вистинскиот момент – одговори Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


