| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ слави деветти роденден!

Најпопуларната друштвена мрежа, без која не може да се замисли секојдневниот живот е основана на 4 февруари во 2004 година од поранешниот студент на Харвард Марк Цукерберг

v276821p0На самиот почеток, „Фејсбук“ беше наменет само за студентите на Харвард за да можат да комуницираат едни со други и да разменуваат информации. Подоцна тие се споиле со другите колеџи и средни училишта, а денес е една од најпосетените социјална мрежа во светот. Сепак, мрежа денес е исто така и одличен извор на информации.

Речиси секој собир, без разлика дали станува збор за забава, концерт, изложба, премиера на филм или собир во кафуле не може да оди без т.н. „ивент“ на Фејсбук.

Со над една милијарда активни корисници претставуваат неисцрпен извор за информации за медиумите, кои преку оваа мрежа ги набљудуваат што пишуваат челните луѓе на државата, политичарите, министрите и други за некои  тековни настани.

Колку оваа социјална мрежа стана неизбежна, сведочи фактот дека покрај ѕвездите во сите области, забава и култура, политика, економија, екологија, неодамна отвори профил на „Фејсбук“ и папата Бенедикт Шеснаесети. Папата дури неодамна ги предупреди лидерите на Римокатоличката црква дека не може да го игнорира социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Твитер“. Вчера рускиот патријарх Кирил ги повика свештениците да бидат што поприсутни на соцеијалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top