| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Ким го покажа новото деколте

kim-kardashian

Новопечената мајка Ким Кардашијан, која не престанува да се фали во медиумите како ослабнала по бременоста, уште еднаш блеснала и ја покажала витката линија по породувањето. Овојпат во акција со своите сестри Клое и Кортни снимила рекламен спот за колекцијата Кардашијан за трговскиот синџир „Sears“.
Тие во рекламата го истакнале целиот свој сексапил.
– Ова отсекогаш беше наш сон. Мода, а не слава – откриваат сестрите Карадашијан додека одат по црвениот килим во рекламниот спот.
Славните сестри во спотот носат тесни фустани во кои совршено ги истакнале своите атрибути, а најголемо внимание привлекла Ким во фустанот со деколте кој ги истакнал нејзините бујни гради и славниот задник.
Ким Кардашијан по породувањето на малата Норт извесно време не се појавуваше во јавноста додека не ја врати посакуваната фигура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top