| четврток, 6 декември 2018 |

Кикс на Рома, Милан се повеќе тоне (видео)

Во 12 коло од италијанската „Сериа А“ лига фудбалерите на Рома направија кикс на домашен терен одигрувајќи само 1-1 со новајлијата во лигата Сасуоло. Ова е вторпат во серија Рома да не победи и да ја загрози високата предност на табелата што ја имаше во пресрет на ова коло.
Поведе Рома со автоголот на Лонги. Играчите на „волчицата“ не успеаа да искористат неколку солидни шанси за во 94 минута Берарди постигна гол за израмнување со кој направи вистинска сензација во ова коло.

Милан и Киево одиграа без голови. Милан и понатаму не може да победи и се чини дека е се подалеку од место на табелата кое води во некое европско натпреварување догодина.

Тимот на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими Каљаари победи со голот на Даниеле Конти во финишот на натпреварот со 2-1. Ибраими ги одигра последните 10 минути.

ljaic

Вчера беа одиграни првите два меча од ова коло. Катанија го победи Удинезе со 1-0 додека Интер на домашен терен беше подобар од Ливорно со 2-0.

Вечерва се играат останатите два натправара. Фиорентина ја пречекува екипата на Сампдорија, додека супер дербито се игра во Торино каде Јувентус ќе го пречека тимот на Горан Пандев Наполи.
Во случај на победа на еден од двата тима со новите три бода ќе се доближи до Рома на само еден бод.

Резулатити од 12 коло:

Рома–Сасуоло 1-1, Аталанта–Болоња 2-1, Калјари–Торино 2-1, Киево–Милан 0-0, Парма–Лацио 1-1, Џенова–Верона 2-0, Катанија-Удинезе 1-0, Интер-Ливорно 2-0.

Рома-Сасуоло 1-1 (Лонги 18-Берарди 94)


Roma 1-1 Sassuolo All Goals by all-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top