Пуштен е во употреба мостот што го поврзува селото Ногаевци со Градско, долг 100 метри, инвестиција вредна 14 милиони денари.
Како што изјави премиерот Никола Груевски, реализирано е уште едно ветување што им беше дадено на граѓаните откако мостот се урна во 2010 година.
– Кон крајот на 2010 почнаа процедурите за изготвување на проектот, во април 2012 стартуваше и изведбата, а мостот е комплетно завршен во мај, јуни годинава, рече Груевски.
Претседателот на Владата претходно го пушти во употреба реконструираниот регионален пат Пробиштип-Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


