| четврток, 6 декември 2018 |

Парно Греење: 160 илјади евра за диспечерски центар

парноКомпанијата која го затоплува најголемиот дел од Скопје вложила 160 илјади евра во нов диспечерски центар, за пријавување на проблеми со дистрибуцијата на топлината преку СМС или на интернет страницата на Балкан Енерџи Груп. На овој начин, пренесува Сител, за најкраток временски период екипите ќе излезат на терен и ќе го санираат проблемот а потрошувачот ќе биде повратно известен за интервенцијата на начин како што и го пријавил проблемот.

Иако според правилникот на регулаторната комисија за енергетика компанијата требаше сезонава да ја започне порано од предвиденото сепак граѓаните греење добија на 15 октомври. Не се реализираат ниту најавените санкции од страна на регулаторното тело за десетденевното смрзнување на граѓаните на почетокот од октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top