Во 15 коло од македонската прва фудбалска лига нов лидер на табелата е тимот на Металург со 26 бода.
Сепак дербито се одигра во Охрид каде условно домаќин беше екипата на Вардар против Хоризонт Турново. Резултатот од овој натпревар е 1-1. Вардар по почетното испитување на силите создаде неколку шанси кој резултираа со водство во 23 минута со голот на Влатко Гроздановски. Во финишот на натпреварот Музафер Ејупи кој влезе од клупата за резервни фудбалери го израмни резултатот во 84 минута ги постави конечните 1-1. Тренерот Седловски направи одличен потег внесувајќи го Ејупи во 68 минута од мечот.
Екипата на Еуромилк денес го приреди најголемото изненадување. на стадионот во Лисиче успеа да го победи Работнички со 1-0 и да не им дозволи на „романтичарите“ да се искачат на врвот на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Пандовски во 32 минута.
Металург гостуваше во Кичево против домашата екипа на Напредок. Со по еден гол во двете полувремиња Металург победи со 2-0 и се искачи на врвот на табелата заедно со екипата на Вардар. Стрелци на головите беа Радевски и Крстев во 18 и 59 минута.
Во останатите средби од 15 коло беа постигнати следниве резултати: Македонија ЃП-Ренова 2-1, Пелистер-Брегалница 1-0, Шкендија-Гостивар 4-0.
Табела: Металург 26, Вардар 26, Работнички 24, Пелистер 24, Ренова 22, Турново 22, Брегалница 20, Еуромилк 20, Шкендија 20, Македонија ЃП 13, Напредок 11, Гостивар 10 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)



