Мајкл Џордан продажбата на својата вила на езерото Мичиген во Чикаго ја објави уште во февруари минатата година, но, и покрај тоа што куќата има тениски терен, затворен кошаркарски комплекс, климатизирани гаражи, цената од 29 милиони долари, сепак, е премногу.
Сега ја намали цената за осум милиони долари и најави аукциска продажба на 22 ноември.
Покрај тоа што куќата е одлична, таа е опколена со шума во која растат 40 вида дрвја, а има и мало островче.
Куќата е направена во 1995 година, а за да знае секој кој живее во таа вила, на вратата стои бројот 23.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.