
Беќир Асани со Али Ахмети
фото: МКД.МК
Муарем Асани утрово е претепан од обезбедувањето на „Македонија пат“ откако се обидел вооружен да влезе во канцелариите на јавното претпријатие, јавува МКД.
Муарем Асани е брат на тукушто реизбраниот претседател на разгранокот на ДУИ за скопската општина Чаир, Беќир Асани. Директор на ЈП „Македонија пат“ е Гајур Кадриу, член на ДУИ.
Меѓутоа од МВР велат дека кај нив не е пријавен ваков случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


