СВР Битола поднесе кривична пријава за С.Д.(50) за сторени кривични дела загрозување на сигурноста, полов напад на малолетник што не навршил 14 години во обид и за прикажување порнографски материјал на малолетник, сторени при семејно насилство. Според полицискиот извештај, во текот на август 2013 година, пријавениот во неговиот дом го присилувал деветгодишниот син на неговата вонбрачна сопруга да гледа филм со порнографска содржина, додека во текот на септември 2013 година без повод и причина физички ги нападнал неговата вонбрачна сопруга и нејзиниот син, а потоа се обидел да извршил полов напад над детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


