| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Никовски: САД го менаџираат обезличувањето на Македонија

nikovski

Ам­ба­са­до­рот Ри­сто Ни­ков­ски е еден од нај­кон­тро­верз­ни­те ма­ке­дон­ски јав­ни лич­но­сти не по­ра­ди не­го­ви­те идеи и пред­ло­зи, кои од ас­пект на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва се мно­гу ло­гич­ни и ис­прав­ни, ту­ку по­ра­ди не­го­ви­те јав­ни из­ја­ви со кои про­мо­ви­ра „ан­ти­а­ме­ри­ка­ни­зам“ . Во сво­ја­та но­ва кни­га „Уло­га­та на  САД во ма­ке­дон­ска­та гол­го­та од 1991 го­ди­на до 2013 го­ди­на“ Ни­ков­ски, кој ка­ко ви­сок функ­ци­о­нер во ма­ке­дон­ско­то МНР бил ди­рект­но вклу­чен во про­це­сот на приз­на­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во ОН, по­вр­зу­вај­ќи ни­за на­ста­ни и фа­кти го про­мо­ви­ра сво­јот став де­ка уло­га­та на Аме­ри­ка во на­ста­ни­те од не­за­вис­но­ста на зем­ја­та е пре­теж­но не­га­тив­на. Нас­про­ти огро­мен дел од кре­а­то­ри­те на јав­но­то мне­ние, кој ду­ри и да мис­ли ка­ко Ни­ков­ски мол­чи во обид да из­бег­не кон­фрон­та­ци­ја со „при­ја­те­ли­те пре­ку оке­а­нот“, по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во Мос­ква сво­ја­та пр­вич­на пре­по­ра­ка за про­те­ру­ва­ње на Фи­лип Ри­кер ја пре­то­чи во збир на до­ку­мен­ти и фа­кти, кои све­до­чат за ед­но по­и­на­кво до­жи­ву­ва­ње на актив­но­ста на САД во Ма­ке­до­ни­ја.

Ва­ша­та но­ва кни­га „Уло­га­та на САД во ма­ке­дон­ски­те гол­го­ти (1991 – 2013)“ пре­диз­ви­ка го­лем ин­те­рес во јав­но­ста. Кој бе­ше по­во­дот да се на­пи­ше?

НИКОВСКИ: Отка­ко ста­на са­мо­стој­на др­жа­ва, Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе пре­ку 20 го­ди­ни ми­ну­ва низ те­шки гол­го­ти. Врз неа се кр­шат мно­гу­број­ни ме­ѓу­на­род­ни нор­ми, прин­ци­пи, про­це­ду­ри, пра­кти­ка… та ду­ри и прав­ни рам­ки. По­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја фла­грант­но се пре­кр­ши По­вел­ба­та (Уста­вот) на ООН; се иг­но­ри­ра пре­су­да на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд за прав­да­та од Хаг; не ва­жат ко­пен­ха­шки­те кри­те­ри­у­ми; не се по­чи­ту­ва При­вре­ме­на­та спо­год­ба, до­го­вор ре­ги­стри­ран во ООН, што  е не­што све­то за це­ли­от за­па­ден свет… По­крај тоа, со цел зем­ја­та да ко­ла­би­ра и да ка­пи­ту­ли­ра, ап­со­лут­но не­ле­гал­но, пре­ку две го­ди­ни беа бло­ки­ра­ни неј­зи­ни­те гра­ни­ци…

Ве­ќе пре­дол­го, Ма­ке­до­ни­ја се др­жи на ра­бот од дла­бо­ка безд­на, што мо­ра да нѐ за­гри­жу­ва. Не сме­е­ме да ја др­жи­ме гла­ва­та в пе­сок, без ог­лед кој е од дру­га­та стра­на на ба­ри­ка­да­та. Ако не ѝ пог­лед­не­ме на ви­сти­на­та в очи, не­ма­ме изг­ле­ди да оп­ста­не­ме, ту­ку по­сте­пе­но ќе про­па­ѓа­ме. Ќе се вр­ти­ме во ма­ѓеп­сан круг, без изг­ле­ди за ус­пех.

Та­ка не­ка­ко изг­ле­да се­гаш­на­та си­ту­а­ци­ја.

Всуш­ност, што ни се слу­чу­ва? Да­ли е во пра­ша­ње са­мо име­то на др­жа­ва­та или не­што дру­го, мно­гу по­су­штин­ско? Да­ли, впро­чем, др­жат об­ви­ну­ва­ња­та до­ма де­ка са­ми­те сме ви­нов­ни за отво­ра­ње­то на иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња?

НИКОВСКИ:  За да се сфа­ти проб­ле­мот со на­ше­то име пр­во тре­ба да се рас­чи­стат две клуч­ни ра­бо­ти.

Пр­ва­та ра­бо­та е де­ка цел­та, од са­ми­от по­че­ток, е про­ме­на на иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ски­от на­род, а име­то на др­жа­ва­та е са­мо на­чин ка­ко тоа нај­лес­но да се по­стиг­не. Зар не­ко­му сѐ уште не му е јас­но де­ка Ати­на не при­фа­ќа по­сто­е­ње на Ма­ке­дон­ци над­вор од Гр­ци­ја? Де­ка тие не­ма да се сог­ла­сат со ни­ка­кво ре­ше­ние што не­ма да во­ди во пре­кр­сту­ва­ње на на­ши­от на­род? Тоа ве­ќе отво­ре­но го го­во­рат. Ве­лат (Па­пу­љас, Са­ма­рас…) де­ка не сме го узур­пи­ра­ле са­мо име­то на др­жа­ва­та, ту­ку и на на­ро­дот, ја­зи­кот… Што тре­ба да ни ка­жат по­ве­ќе? Ед­но­став­но, тие са­ка­ат мо­но­пол на брен­дот „Ма­ке­до­ни­ја“ а тоа, да би­де­ме на­чи­сто, не мо­же без при­да­вки­те „ма­ке­дон­ски/а/о“. Се­то тоа оди за­ед­но. Има ли не­што спор­но во се­то ова? Не­ма! А ако е та­ка, а та­ка е, то­гаш при­фа­ќа­ње на ка­кво би­ло име за ме­ѓу­на­род­но ко­ри­сте­ње зна­чи и отка­жу­ва­ње од сопс­тве­ни­от иден­ти­тет. Од тој миг, за све­тот „Ма­ке­дон­ци“  ќе би­дат тие што се из­мис­ле­ни од Гр­ци­ја.

Со дру­ги збо­ро­ви, се пра­ви сѐ за де­фи­ни­тив­но да се за­тво­ри та­ка­на­ре­че­но­то „ма­ке­дон­ско пра­ша­ње“, кое е по­втор­но отво­ре­но по 100 го­ди­ни. Тоа мо­же да зна­чи са­мо бри­ше­ње на Ма­ке­дон­ци­те. Ни­што дру­го.

Вто­ра­та ра­бо­та е де­ка, од са­ми­от по­че­ток, ме­на­џер на слу­ча­јот е – Ва­шин­гтон.

Без да се раз­бе­рат овие ос­но­ви на проб­ле­мот, те­шко мо­же да се оди на­пред.

Кои се фа­кти­те и ар­гу­мен­ти­те во при­лог на овие се­ри­оз­ни твр­де­ња?

НИКОВСКИ:  Еве, да се оби­де­ме да ги „до­ка­же­ме“ два­та глав­ни фун­да­мен­та. Иа­ко Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Ба­ден­те­ро­ва­та ко­ми­си­ја, ги ис­пол­ни кри­те­ри­у­ми­те за приз­на­ва­ње од стра­на на ЕЗ (ЕУ), со си­ле­џи­ско ин­си­сти­ра­ње на Гер­ма­ни­ја (МНР, Ген­шер), бе­ше приз­на­та Хр­ват­ска (1992). Гр­ци­ја не­ма­ше уло­га во тоа.

При при­е­мот во ООН (1993), Со­ве­тот за без­бед­ност (СБ) на ООН ѝ го сус­пен­ди­ра устав­но­то име на зем­ја­та и ѝ на­мет­на ре­фе­рен­ца. Гр­ци­ја не бе­ше член­ка на СБ, а та­му гла­вен „играч“ се­ко­гаш беа – САД. Во 1993 го­ди­на тоа бе­ше осо­бе­но наг­ла­се­но би­деј­ќи Ру­си­ја бе­ше  во аут по­ра­ди ха­о­сот во зем­ја­та. Ако САД ве­ќе и не беа глав­ни но­си­те­ли на обез­ли­чу­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја, тоа не мо­же­ше да по­ми­не без нив­на це­лос­на по­ткре­па. САД не мо­раа да ко­ри­стат ве­то, мо­жеа, ед­но­став­но, да го спре­чат тоа. Ако не го на­пра­ви­ја тоа, зна­чи де­ка им од­го­ва­ра­ше.

Впро­чем, про­це­ду­ра­та бе­ше и не­ле­гал­на: се иг­но­ри­ра­ше По­вел­ба­та на ООН, а тоа бе­ше мож­но са­мо под ди­ри­гент­ска пал­ка на – Ва­шин­гтон. Ни­кој друг не мо­же да го на­пра­ви тоа. Ни­ту си­те дру­ги член­ки на СБ – за­ед­но!

Во не­ле­гал­на­та про­це­ду­ра за при­ем бе­ше одре­де­но и по­сре­ду­ва­ње од стра­на на ООН. Прв по­сред­ник бе­ше Са­јрус Венс. Па­ра­лел­но, од 1994 го­ди­на до 1997 го­ди­на, во про­це­сот бе­ше вклу­чен и Ни­миц, ка­ко спе­ци­ја­лен пра­те­ник на пре­тсе­да­те­лот на САД, Бил Клин­тон! По­доц­на, тој го нас­ле­ди Венс. Очиг­лед­но на ин­си­сти­ра­ње на САД, по­сред­ни­ци­те беа – Аме­ри­кан­ци. Зо­што? Или, зо­што Клин­тон имал и свој ли­чен прет­став­ник во по­сре­ду­ва­ње­то? Од ка­де тол­кав ин­те­рес на САД за овој проб­лем? Слу­чај­но?

Пр­ви­те шест зем­ји на ЕЗ (ЕУ) ја приз­наа Ма­ке­до­ни­ја на 16 де­кем­ври 1993 го­ди­на и вед­наш вос­по­ста­ви­ја дип­ло­мат­ски од­но­си. На­бр­гу ис­пра­ти­ја и ам­ба­са­до­ри. САД ја приз­наа Ма­ке­до­ни­ја на 9 фе­вру­а­ри 1994 го­ди­на. Ре­чи­си две го­ди­ни по приз­на­ва­ње­то на Сло­ве­ни­ја, Хр­ват­ска и на БиХ. За вос­по­ста­ву­ва­ње дип­ло­мат­ски од­но­си им тре­баа уште це­ли 19 ме­се­ци. Тоа го на­пра­ви­ја на 13 сеп­тем­ври 1995 го­ди­на. Ам­ба­са­да во Скоп­је отво­ри­ја во фе­вру­а­ри 1996 го­ди­на, а ам­ба­са­дор ис­пра­ти­ја на кра­јот од ју­ли иста­та го­ди­на. Че­ти­ри го­ди­ни по За­греб, Љуб­ља­на и Са­ра­е­во. Зо­што тол­ку че­ка­ње?

Ако европ­ски­те ам­ба­са­до­ри (гер­ман­ски, бри­тан­ски, фран­цу­ски, ита­ли­јан­ски…) беа во Скоп­је од пр­ви­те ме­се­ци на 1994 го­ди­на, зо­што аме­ри­кан­ски­от че­ка­ше уште две и пол го­ди­ни за да дој­де? Ако е во пра­ша­ње со­ли­дар­ност со Гр­ци­ја, Евро­па е двој­но об­вр­за­на за тоа – и пре­ку НАТО, и пре­ку ЕУ (САД са­мо пре­ку НАТО) и, се­пак, ис­пра­ти ам­ба­са­до­ри. САД че­каа, че­каа… Зна­чи, кал­ку­ли­раа, кал­ку­ли­раа… Зо­што?

Ина­ку, во дип­ло­ма­ти­ја­та, приз­на­ва­ње­то на др­жа­ва­та и ис­пра­ќа­ње­то ам­ба­са­дор се ос­нов­ни по­ка­за­те­ли на трет­ма­нот на др­жа­ва­та и на по­ли­ти­ка­та кон неа.

(Целото интервју со Ристо Никовски ќе го прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 8 ноември)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top