Макис Псомијадис, уапсен лани во Скопје по меѓународна потерница, пред грчкиот суд негирал дека бил вмешан во местење на спортски натпревари, пренесува весникот „Катимерини“. Поранешниот сопственик на грчкиот фудбалски клуб Кавала, кој беше уапсен во Скопје по меѓународна потерница тврди дека бил вплеткан во судскиот случај од луѓе кои сакале да му наштетат. Исто така, тој негирал дека неговиот син Ставрос, кој го водел тимот, формирал криминална организација. Според обвинението, тој се товари за местење натпревари, водење криминална организација, перење на пари, измама и изнуда во периодот меѓу 2008 и 2011 година.
Псомијадис се правдал дека не избегал во Скопје, кога властите го бараа минатата година, туку дека „отишол само на 20 минути оддалеченост од Солун“. Псомијадис и неговиот син се двајца од вкупно 11 обвинети во случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


