
Павле Трајанов
Павле Трајанов предлага измени на законот за заштита на сведоци, донесен во мај 2005 од тогашното парламентарно мнозинство на СДСМ. Предлог измените ќе се однесуваат на казнените одредби, за кои Демократскиот сојуз смета дека се престроги.
Во постојните законски одредби за објавување на идентитетот на заштитен сведок се предвидени санкции од минималната 4 години до казна затвор од 15 години или доживотен затвор.
Со најавените измени одговорноста ќе остане за лицата со посебни права и должности, како што се судиите, јавните обвинители, припадниците на полицијата, но ќе се предложи намалување на казната за трети лица кои дознале за вистинскиот идентитет на заштитениот сведок.
Овие измени доаѓаат по случајот Кежаровски, чија казна затвор од 4,5 години , опозициската СДСМ ја искористи како аргумент за наводо гушење на слободата на изразување.
Инаку, токму пратениците од СДСМ, кои изминативе две недели беа најгласни против судската одлука, за која тврдеа дека е престрога во 2005 ги озакониле и ги внеле како правна норма, ваквите драконски казни за откривање на идентиетот на заштитен сведок.

Томислав Кежаровски
Законот е изгласан на 19 мај 2005, а тогашното мнозинство на СДСМ го поддржало со 54 гласа ЗА. Меѓу некои од тогашните поддржувачи на драконските казни, а денеска гласни противници, се Тито Петковски, Цветакна Иванова, Јани Макрадули, Борис Кондарко и целата тогашна пратеничка група на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот


