| четврток, 6 декември 2018 |

Сали Салиески ќе трча со македонско знаме на Њујоршкиот маратон

Сали Салиески, кој живее и работи во Холандија ќе ја претставува Република Македонија и ќе го носи македонското знаме на отворањето на Њујоршки маратон 2013, објави порталот „Охрид прес“.

Њујоршкиот маратон е вистински спектакл, еден од најголемите во светот и привлекува професионални маратонци и аматери од целиот свет. На овогодишниот маратон низ улиците на Њујорк ќе протрчаат 47.000 учесници, јави порталот 365 com.mk.

31 годишниот Македонец се чувствува почестен што е избран на маратонот.

Се надевам дека моето учество ќе ги инспирира моите сограѓани да ги стават патиките за трчање и да се пријават на маратонот во Охрид идното лето, во 2014. година.

Преку донирање на пари за добротворни цели, Сали собира пари за промовирање на трчањето и здрав начин на живот во Македонија.

Денеска тој ќе го почне 42 километарскиот маратон во 10:40 часот по локално време. Се надева да ја заврши трката за 4 часа и 15 минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top