15-годишната Маја Блажеска од село Лешани е исчезната веќе два дена.
-Пред два дена замина за Скопје, еднаш се јави и од тогаш немаме глас од неа, изјави за Супер радио таткото на 15-годишната Маја.
Никој нема информација за тоа каде е. Родителите го пријавиле случајот во полиција и до сите надлежни институции. Тие испраќаат апел до сите нејзини кои имаат било каква информација за тоа каде се наоѓа, да ги исконтактираат на телефонот 077/ 74-88-04 или во најблиската полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


