| четврток, 6 декември 2018 |

Протести за поддршка за притворените активисти на Гринпис

h_51084427

Транспарент на кој пишува „Пуштете ги нашите активисти! Заштитете ги нашите активисти!“ беше обесен на новото седиште на Гринпис во Хамбург, Германија.

Во меѓувреме, претставници на околу 30 граѓански здруженија денеска симболично „влегоа во затворкса ќелија“ за време на демонстрациите во Париз за поддршка на 30-те активисти на „Гринпис“, кои се затворени во Русија.
– Овој случај премногу се развлекува. На крајот на кариштата тие едноставно демонстрираа со мирни средства, изјави директорот на „Гринпис Франција“, Жан-Франсоа Жулиар.
Демонстрациите се организирана во време кога францускиот премиер Жан-Марк Еро од денеска престојува во двоневна посета на Русија.
Претставникот на „Гринпис“ ги повика претставниците на триесетината еколошки и невладини организации за заштита на човековите права, меѓу кои и „Амнести интернешенел“ и „Репортери без граници“, да влезат во импровиизраната ќелија поставена на парискиот плоштад „Република“.
Демонстрантите застанаа зад решетките, држејќи ги фотографиите на 30-те активисти на „Гринпис“ кои се затворени во Русија.
Бродот на „Гринпис“, „Арктик санрајс“ беше запленет на 19 септември од руски воени бродови по обидот на активистите да се качат на нафтената платформа на „Газпром“ во Баренцово Море, во знак на протест против загадувањето на животната средина при експлоатацијата на нафта во Арктикот.
Приведените членови на „Гринпис“ во Русија, од кои 26 се странци, се обвинети за хулиганство, за што можат да добијат и до седум години затвор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top