
Евгенија Нацулиду, активистка за правата на Македонците во Грција и тамошен претставник на Обединетата македонска дијаспора, ја претставила тешката положба на Македонците и грчките обиди за бришење на македонскиот јазик на семинар на Мрежата за промовирање јазична разновидност во Даблин.
– Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации. Постарите генерации кои обично говорат на македонски со семејствата, роднините и пријателите, обично избегнуваат да говорат на македонски во јавност – изјавила Нацулиду пред учесниците на семинарот кој се одржал пред десетина дена, информираат од Обединетата македонска дијаспора.
Нацулиду предупредила дека Грција не дозволува употреба на македонскиот јазик во официјални цели.
– Македонскиот јазик никогаш не се употребува во формален говор, во продавница или во државните институции, па дури и кога говорникот знае дека лицето на кое тој/таа му се обраќа, исто така говори македонски – рекла Нацулиду која, во име на ОМД, бара грчката влада да стори повеќе за зачувувањето на македонскиот јазик, а како почетен чекор да донесе закон за заштита на регионални јазици и јазиците на малцинствата.
Мрежата за промовирање јазична разновидност работи на промовирање на јазиците кои се малцински јазици во државите во Европа. Промовира политики кон изучување и заштита на овие јазици и на јазичната разновидност на Европа.
– Бидејќи НПЛД смета дека јазичната разновидност е можност за меѓукултурен дијалог меѓу Европејците, заклучоците изнесени од Нацулиду се истовремено важни, загрижувачки и навремени бидејќи македонскиот јазик е на работ на истребување – оценуваат од Обединетата македонска дијаспора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


