Шампионот на Македонија во кошарка екипата на МЗТ Скопје загуби во третото коло од Еврокупот на гостувањето во Турција против екипата на Банвит со 85-61. Ова е дебитантска сеозна за МЗТ во ова натпреварување и по три кола има три порази.
Отпорот на екипата од Скопје беше скршен уште во втората четвртина каде екипата на Банвит направи разлика од 12 поени (23-11). Во овој период од играта МЗТ успеа да постигне скромни 11 поени. Со предноста на Банвит од пет коша разлика во првата четвртина на полувреме се отиде со негатива од 17 коша. Во второто полувреме МЗТ започна со поагресивна одбрана и усеа да го задржи на 17 поени во третиот дел, но сепак немаше сили во продолжението да го намали резултатот.
Најефикасен во победничката екипа Сами Меџиа со 19 поени, Чак Дејвис даде 15, а Дру Гордон 13 коша. Кај МЗТ во добро светло се прикажа центарското трио Ѓорѓи Чековски, Џастин Рејнолд и Тодор Гечевски со 13, 12 и 10 поени.
Следниот натправар МЗТ го игра повторно на гости кај екипата на Калев од Талин кој исто како нашиот шампион сеуште нема победа во ова натпреваруње. Овој натпревар ќе биде императив за двете екипи да дојдат до првата победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика



