| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста одлучи, ќе игра за Шпанија

Откако беше објавено дека фудбалерот на Атлетико Мадрид Диего Коста кој е роден во Бразил ќе го облече дресот на Шпанија за прв пат се огласи и самиот тој.

– Тоа беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Роден сум во Бразил, но Шпанија ми даде се. Добро ја разгледав целата ситуација и се одлучив за земјата во која постигнав се. Оваа земја и навивачите ме почитуваат и ме сакаат. Затоа се одлучив да го облечам дресот на „Црвената фурија“. – изјави Диего за клупската телевизија на Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top