Домаќинот на престојното Европско првенство во ракомет, Данска ќе биде осетно ослабена и ќе мора да настапи без левиот бек Николај Маркусен. Корпулентниот лев бек, висок 212 сантиметри има проблеми со ахиловата тетива и нема да биде подготвен за игра на континенталниот ракометен самит што ќе се игра од 12 јануари.
Токму на тој датум Данска ќе игра против Македонија, без помошта на Маркусен, а во групата А се и Чешка и Австрија. Николај досега настапуваше за катарскиот тим Ел Џаиш, а и таму нема да продолжи со настапи бидејќи договорот му завршува на крајот на годинава. Данска ја брани титулата освоена во Србија, лани, кога Македонија го постигна најголемиот ракометен успех со освојување на петтото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.