РК Вардар на гостувањето во Загреб го запиша вториот пораз во рамките на СЕХА лигата оваа година. Домашниот тим Загреб победи со 30-29 (15-15). Во првиот дел се водеше изедначена битка во текот на сите 30 минути. Во второто полувреме РК Загреб се одлепи и направи предност од три гола која ја сочува до крајот и заслужено славеше. Во последните 2 минути вардарци и со играч повеќе не успеа да дојде прво до изедначување па потоа и до победа. Сопственикот на тимот Сергеј Самсоненко повторно седеше на клупата на Вардар како главен тренер, но и тоа не помогна за победа на Вардар.
Најефикасен кај Вардар воедно и на натпреварот беше левото крило Тимур Дибиров со 11 погодоци. Милиќ забележа девет одбарни. Кај подмладениот тим на Загреб се истакнаа Стапанчиќ со девет и Мандалиниќ со седум погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


