| четврток, 6 декември 2018 |

„Пирати“ со иницијатива за укинување на суспензијата на Станиќ

Навивачката група на ракометниот вицешампион Металург, „Пирати“, застанаа зад српскиот голман Дарко Станиќ.

„Пиратите“ на раководниот тим ќе му достават иницијатива за укинување на суспензијата на миленикот на публиката Станиќ.

– Тоа е наша одлука од состанокот и таа наша иницијатива ќе ја доставиме и до клубот. Незадоволствата и недоразбирањата ќе се надминат, има начин како да се реши тоа. Инсистираме на тоа за доброто на клубот, за атмосферата, дури и за Дарко Станиќ како играч и личност. Тој знае колку ни е омилен, но и клубот знае дека Дарко Станиќ му треба на Металург. Затоа ние поведуваме иницијатива да се укине суспензијата и тековно потоа да се решаваат проблемите – рече навивачката група за спортскиот портал „ТемпоМК“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top