| четврток, 6 декември 2018 |

Млада гостиварка го пријавила сопругот за насилство

nasilstvo vrz zena

Дваесет и седумгодишната А.М. вчера пријавила дека подолго време психички и физички била малтретирана од нејзиниот сопруг С.М.(34).

Според СВР Тетово, претходниот ден околу 17 часот сопругот дошол дома и најпрво почнал расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и по телото, пред нивното малолетно дете кое се вмешало и го прекинало физичкиот напад.

Нападнатата сопруга побарала кривичен прогон, додека С.М е повикан во полициската станица во Гостивар, разговарано е со него и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

На подрачјето на СВР Тетово, односно во поширокиот полошки регион, минатата година вкупно се регистрирани 56 кривични дела за „семејно насилство“ или три повеќе од претходната 2011 година, кои целосно беа расчистени и финализирано заокружени со соодветни кривични пријави.

Годинава, заклучно со последниот случај во Гостиварско, се регистрирани 7 кривични дела „семејно насилство“, 6 сторители. Жртви биле 3 невенчани, 2 сопруги и 1 девер. Во сите случаи била употребена физичка сила, во еден закана со огнено оружје и во еден загрозена е сигурноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top