Младиот фудбалер, кој во последно време беше доведуван во врска со Тотенхем, наводно деновиве веќе ставил потпис на договор со германскиот и европски шампион.
Тамошните медиуми шпекулираат дека хрватскиот првак на Халиловиќ ќе заработи околу 20 милиони евра. Баварците, исто така, очекуваат дека тој ќе се согласи да биде позајмен, со оглед на фактот што владее големо ривалство за место во тимот на Баерн.
Налиловиќ минатата година блесна во дресот на екипата од хрватската престолнина, а во август островските новинари шпекулираа дека ќе го засили составот на „Спарс“.
Споменатиот лондонски премиерлигаш наводно нудеше 15 милиони евра за надежниот играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



