| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ на момчето му раскинала преку телефон

Само неколку дена откако јавноста дозна за тримесечната врска на најдобрата српска тенисерка и кошаркарот Иван Пауниќ, Ана Ивановиќ му раскинала, и тоа преку телефон.

Ана неодамна беше во Шпанија, каде што беше во посета на своето момче кој во мометот настапува за шпански Фуенланбраде. Веднаш по враќањето, 25-годишната тенисерка била на ручек со своите родители. Само час подоцна, му се јавила на Иван и рекла: „Ова е крај“.

Наводно нејзините родители не ја одобрувале врската меѓу 26-годишниот кошаркар и нивната ќерка, што било доволно Ана ладно да му раскине, а потоа и да го избрише од сите социјални мрежи и да го расчисти секој контакт меѓу нив.

– Ана и јас не сме повеќе заедно, и сето тоа е поради медиумите – изјавил вознемирениот Иван за српски „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top