Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на собир во Призрен истакна дека Косово е неговиот втор дом. Оваа изјава Ердоган ја даде на собир на кој присуствуваше и Хашим Тачи кој потсети дека токму Турција е првата држава која ја призна независноста на Косово, како и Еди Рама кој изјави дека граѓаните на Косово, Албанија и Турција, Албанците и Турците, се братски народ.
-Немојте да заборавите дека Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски што и авторот на турската химна, Мехмет Акиф Ерсој е од Косово, рече Ердоган.
Инаку, во Косово турскиот премиер пристигна со владина делегација, и потенцираше дека Косово е неговиот втор дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат