| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средби со Вимонт, Даниелсон и Орешарски

Македонскиот премиер Никола Груевски вечерва во Брисел ќе оствари средба со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Пјер Вимонт и со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон и со бугарскиот премиер Пламен Орешарски.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел по неколкуте билетарални средби во рамки на Самитот на Европските народни партии Груевски ќе има заедничка вечера со Димонт и Даниелсон, а по неа ќе се сретне и со претседателот на Владата на Република Бугарија.

Тема на разговорите со првите оперативци на ЕУ се очекува да биде Извештајот на ЕК за Македонија и понатамошниот тек на македонските евроинтеграции, додека со Орешарски, Груевски се среќава само неколку часа по изјавата на експремиерот на Бугарија Бојко Борисов дека нашиот источен сосед не треба повеќе да не блокира на патот кон ЕУ.

Како што е познато утре во зградата Берлемонт македонскиот претседател на Владата ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top